Почитувани,
годината 2018 која што заминува беше година во која што нашиот одред “Димитар Влахов“ го прослави 65 годишното постоење на одредот како најстара млдинска органзација во Република Македонија. Во оваа 2018 ги организиравме XXXIII Средби на извидници Велес 2018, повторно четири дена пловевме со Вардарската рега “Гемиџии“, учествувавме на извидничката лига на СИМ во рамките на одредските натпревари каде што бевме први, втори, трети … (Скопје, Кичево, Китка, Прилеп, Св. Николе, Грдовци, Говрлево, Кадино, Катлановска Брезица), учествувавме на Европската младинска акдемија која се одржа во Скопје, индивидуално станавме членови на ФОСЕ, учествуваме и на уште многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите. Организиравме отворен ден со извидниците во Велес – Извидничкио караван, земавме учество на акцијата Средбата на Брѓани на поранешна ЈУ во Требиње – Босна и Херцеговина. Учествуваме на Меморија “Чика Драги во Ниш во организација на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ.
Во оваа 2018 година го прославивме и јубилејот 65 години постоење со орагнизација на Свечена академија на која што учество земаа повеќе од 400 извидници од Македонија и нашиот братски одред од Ниш. Ја реализиравме акцијата “Направи добро дело“ … посетивме десет социјално загрозени семејства.
Учествувавме со 20 извидници на XII Смотра на СИМ во Скребатно, Охрид заедно со нашиот братски одред “Мија Станимировиќ“. Поминавме убави десет заеднички денови полни со активности. Учествуваме на прославата по повод 65 години ИО “Мирко Милески“ во Кичево…
Учествуваме на обука за волонтерско работење и граење на капацитете за младински активности, учествувавме на Младинската академија во организација на СИМ , го средивме извидничкиот центар “Голозинци“. И оваа 2018 ја славевме нашата одредска слава и тоа “Св. Кирил и Методиј“. Помагавме на локалната заедница во Општина Велес и Општина Чашка и тоа: пошумувавме на Вршник и учествувавме на еколошки акции во орагнизација на Општина Велес. Организиравме младински кампови во рамките на проектините активности со Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ с Горно Јаболчиште од Чашка со партнерство на извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум од Чашка во рамките на проектот „Младински еко-етно рурален туризам“. , информиравме, позитивно критикувавме… волонтиравме и го поддржувавме волонтерското работење . .. го прославивме и 17 Ноември Светскиот ден на еколшките движења, се претствиме како организација пред американската АКСЕС програма … го средивме просторотоколу Домот на НВО во Велес
При крајот на оваа 2018 година ја организиравме и XII Школа за водачи “Зелениот Еди“ … со учество на 20 извидниц од Велес, Скопје, Кичево, Чашка … А во новата 2018 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници. Нека ни е честита Новата 2019 година. Да живее ВЕЛЕС, да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да живее ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД “ДИМИТАР ВЛАХОВ“.
Старешина на ИО “Димитар Влахов“
м-р Ангелче Гушев