Општина Велес и Фондацијата за локален развој и демократија “Фокус“ организираа Јавна расправа за Нацрт буџетот на Општина Велес за 2009 година. Јавната расправа се одржа на 24.12.2008 год. (среда) во големата сала на општината, со учество на преставници на месните и урбаните заедници, институциите и здруженијата на граѓани и фондации. На Јавната расправа говореше Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски кои меѓу другото го образложи целокупниот Нацрт – буџет на Општина Велес за 2009 година и одговараше на поставни прашања од присутните.
На оваа расправа од страна на извидничкиот одред Димитар Влахов учествуваа десетмина извидници кои што се вклучија во целата расправа.
На оваа расправа од страна на извидничкиот одред Димитар Влахов учествуваа десетмина извидници кои што се вклучија во целата расправа.