Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, почитувајки ги основните принципи на извидничкото движење, во годината која што прославивме 65 години од своето постоење, на 23 мај 2018 год. (среда) ја прослави одредската слава Св. “Кирил и Методиј“ – македонски и сесловенски просветители, со што ја дополнуваме и нашата воспитно-образовна дејност како младинска организација. Овогодишен кум на одредска слава беа Златко Ристов и Доне Нецинов. По богослужбата на преставниците на МПЦ беа одредени и кумовите за идната одредска слава, а тоа се Благој Јорданов и Јордан Димов. Со почита кон сесловенските просветители на сите членови на одредот и наши сограѓани од православната вероисповест им посакуваме знаење, мудрост и љубов кон науката со што ќе им се помогне во борбата со задачите и предизвиците кои ги носи животот. Да биде свето името на Св. Кирил и Методиј!
Честит празник на сите Македонци.