Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес успешно го завшува проектот „ Младите во акција“, кој е финансиран од ЦИВИКА МОБИЛИТАС АД ХОК Грантови . Имено преку проектот се реализираа следните активности и тоа се креираше брошура „ Профил на Општина Велес и Чашка“ , се организираше три дневен камп со идеи за бизнис и развој на мало стопанство, се остварија средби со бизнис секторот и институциите кои функционираат на регион Велес и Чашка, како и со здруженијата на граѓани и дебата на млади Б2Б средби и форуми.
Со имплементација на проектот на локално ниво се придонесе кон зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредување на условите за развој на вработување на младите во Велес и Чашка, се изврши промоција и развој на младинско претпримеништво, се придонесе кон интегрирање на млади претприемачи и се остварија активности на локално ниво во соработка со бизнис секторот и локалната самоуправа, се едуцираа и стекнаа со вештини младите и се промовираа успешните бизнис приказни.
Заедничко дејствување и градење на доверба како и препознатливост помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор е неопходно се со цел да се подигне свеста на младите дека имаат свое место во заедницата.
Неопходно е да се создаде пракса за воспоставување на редовни средби на локалните самоуправи со претставници на здруженијата на граѓани и бизнис секторот, да се воведе мерка позитивни искуства на препознатливи претприемачи со цел да се поттикнат и охрабрат младите и воедно останат во градот и државата.
Само со заеднички сили ќе се надминат проблемите и потребите на младите преку поттикнување на вработувањето и самовработувањето со подобрување на меѓуетничките односи на локално ниво со што директно ќе се придонесе кон намалување на миграциите.