Сојузот на извидници на Македонија, во Крива Паланка, во селото Станци, го организираше редовниот Републичкиот Извиднички Ориентационен Натпревар (РИОН). РИОН се одржа во периодот од 24-26.10.2008 година. Организатор – домаќин беше ИО “Наум Наумовски – Борче“ од Крива Паланка. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со една патрола во машка конкуренција. Патролата на нашиот одред го освои шестото место.
Во машка конкуренција првото место го освои патролата на ИО “Илинден“ од Скопје, второто место патролата на ИО “Скаут“ од Куманово, а третото патролата на ИО “М.М. -Брицо“ од Скопје. Во женска конкуренција први беа извидниците на ИО “М.М. -Брицо“, второто место им припадна на девојките од ИО “Браќа Миладиновци“ од Скопје, а третото место го освоија девојките од ИО “Еригон“ од Прилеп.
Како констатација на патролата на нашиот одред е дека имаше голем број на пропусти кои што доколку беа надминати овогодишниот РИОН ќе поминел во најдобар ред. И на крај треба да се нагласи дека одзивот за учество на овој РИОН беше многу мал, што ни ја отсликува реалната состојба на извидничките единици во Македонија.
За сите случувања на РИОН 2008 можете да погледнете на следните линкови: