Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес започнувајќи да го одбележува 65 годишното постоење на одредот во Велес и Република Македонија, во периодот од 8-10.9.2017 год. ги организираше јубилејните традиционалните 32-ри Средби на извидници Голозинци – Велес 2017. Во рамките на ови 32ри Средби на извидници се организираа два типа на натпревари и тоа: VII коло на извидничката лига на СИМ и IV Куп на извидничко пријателство. На натпреварите во рамките на VII коло на извидничката лига на СИМ учество земаа одреди од следните градови и тоа: Скопје, Прилеп, Штип и Кочани Во рамките на VII коло на извидничката лига беа постигнати следните резултати и тоа:
- Категорија РОВЕРИ: прво место патролата на ИО “Браќа Миладиновци“ – “Крив правец“ и второто место екипата на ИПО “Јадран “ – “Копачите на Але“ од Скопје
- Категорија на ИСТРАЖУВАЧИ: прво место патролата на ИО “Браќа Миладиновци“ – “Каменковци“, ВТОРО МЕСТО екипата на Брџани и третото место “Сага“ и двете од ИПО “Јадран“ – Скопје
- Категорија ИЗВИДНИЦИ: екипите на ИПО “Јадран“ и тоа прво место “Јаготки“, второ место “Даре“ и трето место “ Лего коцки“
Во рамките на IV Куп на извидничко пријателство беа постигнати следните резултати и тоа: Прво место патролата на ИО “Мија Станимировиќ“ – Ниш – Република Србија, второ место екипата на извидниците од Ријека – Република Хрватска и трето место екипата на ИПО “Савски чивијаши“ од Шабац Република Србија. Во периодот од 1975 до 2017 година, успевaме да организираме триесет и две Средби на извидници, а кои што последните седумнаесет беа од меѓународен карактер. Овие 32ри Средби ги организираме повторно на тема … ориентацијата и топографија, сигнализација … игра како метод на работа во традиционалниот скаутизам . Со оваа меѓународна средба извидниците од Велес во своето 65 годишно работење успееа да докажат дека знаат да организираат и да реализираат активности од меѓународен карактер, а сето ова немаше да биде организирано на високо и професионално ниво доколку не беше поддршката од Општина Велес.