Во организација на Сојуз на извидници на Македонија и USAID се реализираше Школата за водачи Младински лидер или Project:Youth lider. Школата за водачи се одржа во Извидничкиот центар во Охрид и тоа во периодот од 18-25.6.2017 год, со присуство на 30 извидници од Република Македонија. На спомената обуката од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес присуствуваа два извидници Мартин Голчев и Сара Нунеска.Во рамките на Школата за водачи на сите присутни учесници им беше прзентирана новата работна програма по која ќе работи СИМ во наредните неколку години. Додека во периодот од 23-25.6.2017 год. Сојузот на извидници на Македонија исто така во извидничкиот центар Охрид се организираше и Форум за водачи кој што беше дел од проектот Младински лидер на кој што учествуваа Благојче Ѓорѓиев и Трајче Темелковски и веќе учесниците Мартин Голчев и Сара Нунеска каде што беше презентирана програмата по која СИМ ќе реализира хоризонтална и вертикална степенувана програма на активности по категории.