Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, реализирајќи ја иницијативата која што е поддржана од страна на Националниот Младински Совет на Македонија – “Уредување на отворен простор за анимација и логорување на млади во село Голозинци – Општина Чашка) денес 07.05.2017 год. (недела) во с. Голозинци – Општина Чашка изврши промоција на активностите кои се предвидени со планот на активности предложени во спомената иницијатива. На завршниот настан градевме летна училница која ќе се користи и за неформални активности за сите млади од општина Чашка (Богомила, Извор, Горно Јаболчиште, Горно Врановци, Мeлница), го саниравме и создаваме камперскиот простор со монтирање на подвижна електрична инсталација за осветлување и ќе се гради капија со посматрачница во извидничкиот центар Голозинци, како битен извиднички елемент на еден современ камперски простор. На овој завршен настан учество покрај членовте на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, земаа и ученици од местата во Општина Чашка кои се предвидени како корисници на оваа иницијатива. На овој настан учество земаа вкупно 85 млади. Иницијативата е дел од кампањата “Мрдни со прст“ која има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.