На покана на Сојуз на извидници на Војводина, двајца извидници од извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес, заминаа на Семинарот за инструктори од прв степен – основен дел, кои се одржува во Кањижа, Србија. Во периодот од 22 до 30 август оваа година на Ангел Радевски и Виктор Таневски кои се единствени преставници од Македонија, им се дава шанса и им е овозможено да бидат во позитивно опкружување, да се здобијат со знаења, вештини и ставови за понатамошно равивање на извидничката организација во Велес и Македонија. Двајцата наши извидници ке имаат можност да ги креираат и да ги планираат нивните понатамошни проектни активности во извидничката организација. За се она што ќе се случува на иструкторската школа ќе ве информираме по нивното враќање.