Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на сите ученици од основно и средно образование од Велес им посакува успех новата учебна година. Денес е датумот кој што на многуна не ни се допаѓа, но мора да се почитува. Летното уживање завршува после три месеци и време е да седне пак во училишните клупи. Како растеме, така повеќе се привикнуваме кон фактот дека се си има своја убавина. Така возрасните, денес би дале се, да можат да се вратат во училиште. За овој датум сите исто сме функционирале и размислувале …
1. Од вечер се спремаме што ќе облечеме.
2. Ова е денот кога знаеме дека одиме без ташна па можеш и малку по шминкерски.
3. Од вечер се договараш со екипата каде да се чекате и дали да одите покасно.
4. Баба ви фрла вода кога ќе излезете од дома за со лесно да ви тргне годината.
5. Сите меѓусебно се прашувате кој кај бил на одмор.
6. Почнуваат новите трачеви – кој со кого летово, што, како.
7. Имате само класен час на кој класната кажува два збора, останатиот дел го поминувате во гласен меѓусебен муабет.
8. Денот кога се молиме да не почнат со предавања одма на втори, за да имате бар уште еден слободен викенд.
9. Свесни смее дека веќе наредниот ден ве чека писмена по македонски: Како го поминав летниот распуст!