На покана на Цивика мобилитас членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Благој Ѓорѓиев, Кире Харалампиев и Мартин Голчев учествуваа на регионалниот форум за вардарскиот и североисточниот регион на Македонија, кој се се одржа на 14 јули 2016 год., (четврток), во Градската библиотека “ Гоце Делчев“ при Домот на културата „Крсте Мисирков“во Свети Николе.
Форумите на Цивика мобилитас овозможуваат простор за артикулирање на идеи, но и за заедничко планирање и подготовка на општествени акции од страна на граѓанските организации. Вториот регионален форум за 2016 година беше наменет пред сѐ за граѓанските организации, граѓаните, медиумите, институциите и другите чинители од вардарскиот и североисточниот регион, но и за сите останати. Носечка тема беа миграциите меѓу останатите и скопските општини, како и од Македонија во останатите земји. Во панелот вовед дадоа лица кои емигрирале, но се вратиле во Македонија, како и стручни лица за миграциите, претставници на граѓанските организации и локалните власти, Покрај тоа на работилницата, учесниците можеа да разменат мислења, идеи, ставови, искуства, како и да формулираат заклучоци и понатамошни заеднички акции. На крај, грантистите на Цивика мобилитас ги претстави резултатите од своите активности, по што следуваше неформално дружење и размена на искуства.