Велешките извидници во емисијата “Ја сакам Македонија“

ilina1Десет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на 17.12.2015 год. (четврток) земаа учество во снимањето на  репортажа за Велес во рамките на серијалот “Ја сакам Македонија“ во продукција на Македонската телевизија каде што централна личнст и водител е Илина Арсова врвна спортиска на Република Македонија, девојка која ги совлада Хималаите, а воедно е и поранешен извидник.
Во рамките на телевизиското снимање велешките извидници презентираа еден ден наменет за обука на вода, односно веслање на чамец односно подоготовка на нашите извидници за учеството на Вардарската регата. Покрај активностит на вода во рамките на снимањето нашата извидничка Марија Војневска заедно со Илина имаа и подолг разговор за историјата, активностите и понатамошните планови на одредот. Со поканата за учество во репортажата за Велес повторно докажуваме дека извидничката организација во Велес е водечка младинска оргнизација за млади во градот, а квалитетните активности на одредот допринсуваат за промоција и афирмација на Велес во државата и пошироко.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.