Десет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов’ – Велес , на 27.11.2015 год. (петок) во големата сала на Општина Велес се одржа јавната расправа Нацрт Програмата на Советот на млади на Општина Велес за 2016 година. Програмата беше презентирана од страна на претседателот Филип Спиркоски кои разви и дискусија помеѓу младите кои беа присутни на овој настан. Младите од Велес имаа свои идеи, предлози и критики за начинот на работа на Советот на млади со што директно влијае на изготвувањето на овој документ. Покрај програмата за 2016 година, потпретседателот Кире Јосифовски ги извести младите за досегашните активности спроведени од страна на Советот на млади и ги повика сите заинтересирани да се пријават да учествуваат во работата на самиот Совет на млади.