После обележувањето и маркирање, на патеката која го носи името “Нова Македонија“, веќе се поставени и патоказите кои во целост ја опишуват патеката која ја нарековме “Нова Македонија“ а истата е дел од превземените обврски и потпишаниот договор со Агенција за промоција и поддршка на туризмот , за доделување на договор за јавна набавка на услуги за расчистување, уредување, бележање, маркирање, поставување на инфо рабли, мапи и патокази и истите да се мапираат предвидените рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес како економски оператор учествуваше на Огласот. Огласот распишан од страна на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, одредот од Велес конкурираше за уредување на пет патеки кои се наогаат во Општина Чашка и тоа: патеката наречена – Нова Македонија која што е на релација с. Голозинци – с. Лисиче – Хидросистем Лисиче – Горно Врановци во должина од 16 километри. Паралелно со оваа патека сепоставуваат и патокази на обележаните и маркираните четири патеки во регионот на селото Мокрени и тоа: пристапна патека с. Богомила-Планинарски дом с. Мокрени манастирот „Св.Спас“ с. Мокрени, Планинарски дом с. Мокрени-врв Биса- Планинарски дом с. Мокрени, Теово – Мокрени. Со ова како организација докажавме како треба да се промовираат убавините на Централна Македонија – реонот на Азот.
skoja cest za spomnatite aktivnosti
Moja Blagodarnost!Patekite se osnova na videnoto i nevidenoto.Vie podadovte raka…na nas ostanuva da ja prifatime….!Moja podshka.R.S.C.