Велешките извидници пловеа по Сава

IMG_2740Петнаесет извидници од извидничкиот одред  “Димитар Влахов“ -Велес заедно со членовите на Вардарска регата “Гемиџии“ – Велес, преставниците на подмладокот на Црвениот крст од Велес  и КУД “Керамичар“  во периодот од 21-23 август 2015 год.  како преставници на Општина Велес , а на покана на  градскиот сојуз на извидници од Шабац и извидничко – пореченскиот одред “Савски чивијаши“ зема учество на Савската регата  Шабац – Прово “Завеслај више 2015“. Во рамките на оваа регата Шабац – Прово  се изврши и збратимување на Вардарската регата “Гемиџии“ со Савската регата  Шабац – Прово т.н. “Завеслај више“.
Повелбата на збратимување беше потпишана од страна на Себо Шаќиров како претседател на Вардарската регата и Веља Милошевиќ како претседател на Градскиот сојуз на извидници на Шабац како носители на оваа регата. Пловидбата на оваа регата беше во должина од 25 км на релација Шабац – село Прово и тоа по течениоето на река Сава. На оваа Савска регата учество земаа повеќе  од 200 учесници на повеќе од 20 пловни објекти (дрвени и гумени моторни чамци, катамарани и друг вид на речни пловила).  Во рамките на програмските активности  треба да нагласиме дека и преставниците  на Општина Велес го освоија и второо место во подготовка на “рибља чорба – рибљи котлич“, а воедно и се  воспоставија  многу контаки со регати од Србија, Босна и Херцегови и Црна гора.  Како преставници на Вардарската регата со ова збратимување и остварените контакти со регатите од поранешните  ЈУ републики сакаме да ја подигнеме Вардарската регата на Балканско ниво.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.