Велешките извидници учесници на 40 меморијал “Чика Драги“ во Ниш

mija1На 40 јубилејниот извиднички ориентационен повеќебој “Чика Драги“ изминатиот викенд на терените на Облачинско езеро во близина на Ниш, од 15-17  мај  2015 се натпреваруваа повеќе од 250 млади од Србија и Македонија. Целта на ова традиционално натпреварување кое го организира нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, беше организирање на натпревари од областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, врзување на јазли и прва помош. Со овие активности кај учесниците на овој меморијал се развиваа и јакнат натпреварувачкиот и тимски дух, запознавање на нови пријатели, дружењето со извидници пријатели од други одреди.  На овој 40 меморијал учество земаа 25 патроли. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со една патрола од пет извидници кои воедно беа и еднистевени учесници од странство.   Акцијата беше затворена со логорски оган со акустична свирка на младиот нишки музички бенд “Дуо Боено“ и присуство на ќерките на Драгољуб Стојановиќ – Чика Драги во чија чест се одржува овој меморијал. За сите овие 40 меморијали учествувале приближно 10.000 извидници.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.