По мене секое човечко битие добар дел од својата младост треба да ја помине како извидник. Јас никогаш не сум го живеел извидничкиот живот веднаш ќе ви кажам, но гледајќи го дејствувањето на извидниците од Извиднички oдред “ Димитар Влахов” сфаќам дека тоа е еден циклус во кој младите се подготвуваат за возрасни дејствувајќи на многу младешки начин, полни со ентузијазам, желба и задоволство за меѓусебна соработка.
Не се тие “заостанати” како што многумина ги нарекуваат. Имаат и тие фејсбук, гледаат телевизија, читаат книги, одат на кафе… Туку тие не дозволуваат да, еве конкретно компјутерот и воопшто технологијата раководи со нивниот живот, туку тие раководат со нивниот живот, правејќи го живот во вистинската смисла на зборот.
Она што токму таму ќе се доживее (поучен од татковото 15 годишно извидничко искуство) се најдобрите спомени кои човек може да ги доживее и за кои со задоволство ќе ги раскажува целиот свој живот. Пријатели овде можете да добите еден мал милион. Дури и љубови. Но бидете сигурни дека извидникот е секогаш чекор понапред од сите, во секоја позитивна смисла. И да знаете излезете ли во природа колективно, со луѓето кои се ваши пријатели-извидници ќе заборавите и на телевизија, и на интернет, и фејсбук… Но колку и да “јадам трици” најексплицитно ова може да се разбере само ако се до(про)живее. Нема збор кој би ви објаснил како е да си извидник.
Кристијан Јорданов – Чурулот