“За ИЗВИДНИЦИТЕ“ од Кристијан Јорданов

zavet2ОВАА ПЕСНА КОЈA Е ДЕЛ ОД МОЈАТА СТИХОЗБИРКА„Овде ни штркот не сака да замине на југ“ (посветена на с. Голозинци) , ЈА ПОСВЕТУВАМ НА ИЗВИДНИЦИТЕ ПРИ ИО „ДИМИТАР ВЛАХОВ“, ВО ЗНАК НА БЛАГОДАРНОСТ ЗА НИВНИОТ ДОПРИНЕС ЗА РАЗВОЈОТ НЕ САМО НА ОВОЈ ДЕЛ, ТУКУ СЕКАДЕ ОНАМУ КАДЕ ШТО НИВНИТЕ УСПЕСИ СЕ СТИГНАТИ.

 

 

 

 

ЗA ИЗВИДНИЦИТЕ
Штом понекогаш нашето село ќе стивне,
Ќе дојдат младите извидници и селото повторно ќе живне.
Овде, во извидничкиот центар се често,
И сите свои работи си ги работат вешто.
Секој извидник е љубител на природа,
А тука, местото е надарено од Господа,
Густи околни шуми, ливади со цвеќе,
Еве секој извидник брои дни кога пак ќе дојде веќе.
Овде, доаѓаат млади од секаде, секакви,
И овде се случуваат и многу љубови, најискрени
Па така секоја вечер, крај логорски оган седнати,
Младите со своите водачи, песни си пеат љубовни,
А штом мугрите изгреат, секој се буди,
И нови задачи водачот  им нуди,
А тие со љубов, задоволство и среќа што се тука,
Работејќи со мерак лицето од радост им „пука“.
А штом ден дојде, дома да се оди,
Старешината е напред прв ги води,
Ама никому не му се оди в градска гужва,
Секој сака барем уште ден да е на извидничка служба…
Сепак, сите знаат дека пак ќе се вратат,
И дека на нова обиколка низ село ќе ги пратат…

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.