Новите велешки извидници го дадоа извидничкиот Завет

zavet2Повеќе од педесет велешки  извидници, членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, организирани во пет патроли  во периодот од 6-8.12.2014 год. во извидничкиот центар “Голозинци“,  учествуваа на зимскиот едукативен бивак со давање на извиднички Завет.  Сите учесници јавно го дадоа Завет и се обврзаа дека ќе запознаваат  и сакаат својата татковина Р.Македонија, дека ќе ја прифатат духовната реалност и ќе го бараат нејзиното потполно значење, дека секогаш ќе им помагаат  на луѓето и  дека ќе живеат  и работат по извидничките закони. Покрај давањето на Заветот, во трите работни дена извидниците имаа еколошка акција за пошумување на извидничкиот центар “Голозинци“ и негово уредување во надворешниот дел, потоа оргнизиран хајк до село Лисиче, едукативни сесии преку кои членовите  дополнително се запознаа за поставеноста на Сојуз на извидници на Македонија, потоа Светската организација на извидничкото движење, униформноста во СИМ и за основачот на светското извидништво Сер Роберт Баден Пауел и културно-забавнапрограма во вечерни часови. Со овој тридневен бивак со давање на Завет новото членство на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес и официјално беше примено извидничкото движење и светското скаутско братство. Со ова се докажува дека извидничката организација во Велес секогаш регрутира и образува млади до 20 години и придонесува во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.

Повеќе фотографии на:

https://www.facebook.com/izvidnicki.dimitarvlahov/media_set?set=a.610233812435916.1073741841.100003479079783&type=1&pnref=story

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.