Опрема за планинарските патеки

DSC_0040После бележењето и маркирањето на  патеката која ке го носи името “Нова Македонија“, а истата  е дел од превземените обврски и потпишаниот договор со Агенција за  промоција и поддршка на туризмот , за доделување на договор за јавна набавка на услуги за расчистување, уредување, бележање, маркирање,  поставување на инфо табли, мапи и патокази и истите да се мапираат предвидените  рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија извидничкиот одред “Димитар Влахов“  од Велес  ја донесе и дополнителната опрема која што треба да се постави на маркираната патека. Опремата се состои во столбови за патокази, информативни табли и мапи со што маркраните патеки ке бидат по безбедни и пристапни за планинарите од Македонија. Споменатата опремата која што е добиена  од страна на Агенција за промоција и поддршка на туризмот,  одредот од Велес ќе ја употреби и за  уредување на пет патеки кои  се наогаат во Општина Чашка и тоа: патеката наречена – Нова Македонија која што е на релација с. Голозинци – с. Лисиче – Хидросистем Лисиче – Горно Врановци во должина од 16  километри. Паралелно со оваа патека извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес учествува во бележењето и маркирањето  и пет  патеки во регионот на селото Мокрени и тоа: пристапна патека с. Богомила-Планинарски дом с. Мокрени манастирот „Св.Спас“ с. Мокрени, Планинарски дом с. Мокрени-врв Биса- Планинарски дом с. Мокрени, Теово – Мокрени. Со ова како организација докажавме како треба да се промовираат убавините на  Централна Македонија – реонот на Азот.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.