Реализирајки ги активностите во рамките на проектот на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, финансиран од FOSE и Европската скаутска фондација на 16.10.2014 год., одредот ја докомплетира камперската опрема. Беа набавени нови шатори од марката McKINLEY тип Flinduka 3. Со оваа опрема извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во целост ги зајакнa своите сместувачки капацитети. Со оваа опрема може да се сместат дополнителни 20 извидници на терен. Во овој момент градскиот извиднички одред може да организира логорување на терен со повеќе од 150 извидници. Покрај оваа опрема велешкиот одред во најскоро време ке обезбеди уште еден гумен чамец.