Во рамките на утринската програма на локалната ТВ Канал 21 во Велес, на 25.2.2014 год. (вторник) извидниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Жико Пановски и Бојан Миклош ја преставија работата на одредот. Во рамките на емисијата се престави целокупното 60 годишно работење на одредот, а водно се направи и паралела на работата некогаш и денес. Ветеранот на извидничката организација во Македонија, Жико Пановски даде целосен осврт на работењето на одредот во периодот од 1960 до 1990, период до кога тој заедно со својата генерација го раководеа одредот. Додека пак Бојан Миклош ја преставу поставеноста на одредот во денешни услови и сите активности кои следеа по повод 22 февруари (извидничка химна, февруарски поход, 60 годишен јубилеј). Но заеднички беше констатирано дека извидничката организација во Велес дефинитивно е бренд на нашиот град со кои Општината може да се гордее и место каде што младите велешани може да се образуваат и да се дружа со што ќе постанат граѓани корисни за локалната средина и кои едноставно во секој момент ке даваат подршка на сите иницијати кои ќе го подобрат младинското живеење во нашиот град.