Делегација од ИО “Мија Станимировиќ“ од Ниш во посета на Велес

Претставници на извидничкиот одред „Мија Станимировиќ“ од Ниш во периодот од 6-7.2.2014 год. беа во посета на Велес кај збратимениот извиднички одред „Димитар Влахов“. Ја продлабочуваат соработката која трае веќе 17 години. Старешините на двата најстари одреди денеска се договорија каде заеднички ќе учествуваат во текот на годината. И овојпат ќе имаат активности во двете држави. По еднаш ќе одат на смотри во близина на Ниш и Велес.

„Ја зголемуваме и ја продлабочуваме програмата на двата одреди. Значи овие активности кои се од меѓународен карактер многу влијаат врз развојот на извидништвото. Крајната цел  секако е развој на она светско скаутско братство покрај нашето дружење и развивање на прјателството“,рече  Ангелче Гушев стерешина на иввиднички одред „Димитар Влахов“. „Заеднички учествуваме на србските извиднички смотри во Бела Црква, потоа планираме посета на Велес со извидниците од Ниш, односно на средбите кои ќе се одржат овде во септември и планираме во текот на летото заедничка обука која претходно ја реализиравме па ја планираме и оваа година. Во неа ќе бидат опфатени деца на возраст од 11 до 17 години кои ќе се стекнат со основни знаења за чин водник и водач на чета“, рече  Слободан Тепавац Инвиднички одред „Мија Станимировиќ“ Ниш Двата одреди досега заеднички учествувле на многу смотри и школи за обука на извидници. Старешините се надеваат дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.

 

 

превземено од www.lisica.mk

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.