…на која што ги обелоденија поддршките од страна на Повардарската епархија на чело со Митрополитот Повардарски Агатангел и поддршката од страна на Велешкото муфтиство предводено од Муфтијата Бесим Абдули и активности кои што беа реализирани во изминатиот период.
Покрај ова на ПРЕС конференцијата беше одадена голема благодарност до сите советници при Советот на општина Велес, кои што гласаа за промена на ГУП, со што локацијата каде што моментално се наоѓа Топилницата за цинк и олово, ќе прерасне во зона каде што ќе се развиваат малите и средни претпријатија, простор за живеење и зелен појас.
На оваа средба со новинарите беше истакнато и барањето на поддршка од Зелената коалиција до останатите НВОи од Велес за нивно вклучување на што поголем број и вклучување на што поголем број на интелектуалци и граѓани од Велес во борбата за ислелување на Топилницата за цинк и олово 18 км. јужно од Велес.
Покрај ова беше споменат почетокот на активности насочени кон Зелената лоби група на парламентарци при Парламентот на РМ, за актуелизирање и решавање на проблемот со рестартирањето на Топилницата за цинк и олово во Велес во највисокиот законодавен дом во Македонија.