Почитувани,
годината која што заминува беше година во која ги прославивме 60 роденден на нашиот одред “Димитар Влахов“ како најстара млдинска органзација во Република Македонија, го добивме највисокото општинско признание Благодарницата – 9ти Ноември … учествуваме на 11 Смотра на СИМ. Во оваа 2013 година ги одработиме 28 Средби на извидници, повторно четири дена пловевме со Вардарската рега “Гемиџии“, одредот беше посетен од Данските скаути, учествувавме на голем број на одредски натпревари каде што бевме први, втори, трети … учествуваме на прославата по повод 60 години од формирањето на Сојуз на извидници на Македонија, како одред се вклучивме во проектните активности на проектот АГОРА, купивме нова камперска опрема и нов гумен чамец, уште и на многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите. Организиравме отворен ден со извидниците во Велес, земавме учество на акцијата “Чика Драги“ на извиднички одред Мија Станимировиќ во Ниш – Република Србија. Започнавме активности со Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија и тоа активности во рамките на проктот за расчистување, уредување, бележање, маркирање, поставување на инфо рабли, мапи и патокази на рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија. Наш извидник учествуваше на Скаутската академија-Белгија 2013 Помагавме на локалната заедница во Општина Велес и Општина Чашка и тоа: го уредувавме локалитетот на манастирот Св.Илија во Велес, помагавме во организацијата на музичкиот фестивал 5ФМ Талент, монтиравме и поставуваме пинг понг маси во Општина Чашка, поставивме спомен плоча во с. Голозинци. Пошумувавме, помагавме, работевме, информиравме, позитивно критикувавме… работевме на промоција на туристичкиот потенцијал на Вардарскиот плански регион… волонтиравме и го поддржувавме волонтерското .
Во годината која што доага влегуваме во седмата деценија од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“…ја подготвуваме официјалната химна на одред… одредското радио. А во новата 2014 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на Градоначалникот и на Советот на Општина Велес и сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.
Нека ни е честита Новата 2014 година. Да живее Велес, да живее Република Македонија да живее извиднички одред “Димитар Влахов“.
Старешина на ИО “Димитар Влахов“
проф. Ангелче Гушев