Детскиот и младински парламент на Македонија – Велес, на 20 ноември 2013 год .(среда) во Ликовниот салон во Велес со пригодна програма го одбележа Универзалниот ден на детето. На оваа свеченост покрај културно-уметничката програма организирана од деца од Велес, беше организирана и изложба на сликарот Александар Поповски и тоа на портрети на Тоше Проевски кои бил почесен член на Детскиот парламент. Како Благодарност од децата на Македонија, Детскиот и младински парламент на Македонија – Велес додели ЗЕЛЕНА ПАНДЕЛКА и Благодарници на организациите и предводниците на Зелената коалиција. Во рамките на Зелената коалиција извидничкиот одред “Димитар Влахов“-Велес се стекна со ЗЕЛЕНА ПАНДЕЛКА и Благодарница за заложба и зачувување на животната средина и здравјето на сите деца, за заложбата за Зелен Велес. На оваа прослава беа поканети и сите Градоначалници на Велес кои беа дел од Зелената коалиција, Преседавачите на Советот на општина Велес, пратеничката Лилјана Поповска. Прославата по повод Универзалниот ден на детето – 20 ноември е дел од проектот на Нетворк Мисија во РМ поддржано од страна на Министерството за животна средина на РМ.