Конкретни предлози од Зелената коалиција

„Предлагаме промена на Генералниот урбанистички план во Општина Велес, со кој локацијата на топилницата би се пренаменила во локација за изградба на стамбени објекти и мали и средни претпријатија“.

Ова меѓу другото се вели во иницијативата што здруженијата на граѓани, членки на Зелената коалиција основана со градоначалникот ја доставија до Општина Велес. Во присуство на новинарите, членовите на Зелената коалиција ја образложија иницијативата пред претседателот на Советот на Општина Велес и  координаторите на советничките групи.

 

Во изјавата за јавноста велешките екологисти изразија разочарување од ставот на Министерот за животна средина и просторно планирање Џелил Бајрами дека нема можност за дислокација на топилницата со став дека  „Уште еден министер си заминува во историјата на екологијата не правејќи ништо за Велес“.

 

До општина Велес тие доставија барање за ослободување на сите ученици од училиштата во Велес во текот на еден работен ден со цел заедно со нивните родители да присуствуваат на организиран протест со барање за дислокација на загадувачот.

 

Воедно најавија иницијатива и до Владата на Република Македонија која досега не направила ништо за да ги обештети Велешани за кршењето на нивните уставни права на здрава животна средина, во која ќе побараат издвојување на средства од државниот буџет кои би се инвестирале во дислокација на топилницата.

Во меѓувреме, обструкциите, карциномите на дишните патишта, анемијата и многу други заболувања остануваат секојдневен кошмар на велешани. Затоа, навестија екологистите, надлежните ќе се соочат со силен зелен отпор во Велес.

Превземено од www.veles.gov.mk 
   

                                

 

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.