“Поблиску до природата“ – саем на здрава храна

ООУ Петар Поп Арсов од с. Богомила и општина Чашка и оваа година го организираат саемот на храна “Поблиску до природата“ кој  се одржа на 15 ти септември 2013 год. (недела) во село Богомила. Како манифестација Саемот на храна се одржува традиционално секоја година почнувајќи од 2007 година во село Богомила, во 2008 во село Извор, 2009 година во село Теово, 2010 село Согле, 2011 во село Богомила и 2012 во село Оморани. Саемот има хуманитарен карактер и негова цел е промовирање на локалните земјоделци и земјоделските производи, локалните специјалитети, традиционалните носии и рачни изработки од Извор, Согле, Теово, Богомила, Нежилово и Ореше. За локалната самоуправа одржувањето на овој саем е промоција и на производите но и на земјоделците.

„Ние сме земјоделска општина.Кај нас се се произведува, но сакам да нагласам дека веке се препознатлива е и пастрмката од рибниците од Азот,нашата заложба останува иста да го промовираме здравиот производ но и да ги спојуваме земјоделците и откупувачите.Потребата од здрава храна е се поголема, неа ја нема во загадените општини, за среќа кај нас ја има во изобилие, можеме да го продаваме она што на овие ниви се произведува“, рече Горанчо Пановски,  градоначалник на Велес.
„За да имаме силна земјоделска општина потребно е младите да се вратат на огништата на нивните родители. Во нашата општина има работа за секој кој сака да се занимава со земјоделие или сточарство . Сега земјоделието е најисплатлива гранка и најсигурна затоа од овој саем на здрава храна порачува младите да бидат газди на самите себе а не да чекаат вработување во фабриките“, рече Нина Маркова, директор на ООУ Петар Поп Арсов.
На овој саем учество земаа и преставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес . Преставниците на одредот на овој саем  остварија средба и со Градоначалникот на Општина Чашка , Горанчо Пановски

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.