Извидниците од Македонија и од поранешните ЈУ републики ќе се натпреваруваат во извидничките дисциплини топографија, орјентација во непознат терен, исхрана во природа, сигнализација и прва помош. Овојпат организаторот, извидничкиот одред „Димитар Влахов“, го избра селото Извор како место на натпреварувањето што годинава го организира по 28-ми пат. Таму ќе биде подигнат извидничкиот логор. Сеуште трае пријавувањето на учесниците на годинешното натпреварување. Засега сигурно учество имаат пријавено осум извиднички одреди, домашни и странски, со вкупно сто извидници.
– Дел од учесниците веќе пристигнаа и тие до сабота се гости во нашите домови. Така имаме подолго време да се дружиме. Во сабота сите заедно ќе заминеме за Извор, ќе го подигнеме логорот и ќе започнат натпреварите. За сите одреди на средбите се предвидени дипломи за учество. Најдобрите патроли ќе бидат наградени со пехари и дипломи за освоените први три места, рече старешината на средбите Златко Ристов. На средбите ќе има и награди за најдобар цртеж, најдобар профил, најдобра скица и најдобра сигнализација.
– Овие средби ги организираме како дел од програмските активности на светската скаутска програма Messenger for Peace. Очекуваме да се дружиме, да се натпреваруваме и секако да создадеме нови пријателства, рече началникот на средбите, Димитар Јорданов.
Одржувањето на оваа меѓународна манифестација ја поддржаа општините Велес и Чашка. Во нејзини рамки, исто така, ќе се промовира спортот како дел од владиниот проект а ќе се одбележи и 8 септември.
На овие Средби на извидници како учесници ке се појават припадниците од батаљонот на Воената полиција на АРМ.
Прес конференцијата се одржа на 5.9.2013 во просториите на Фондација фокус