дека зад одлуката за тајната продажба на најголемиот загадувач, стојат три групи во Владата кои преговараат со претставници на истите луѓе кои во последните години раководеа со Топилницата кои сега имаат странски фирми и кои направија Велес и реката Вардар да бидат најзагадени не само во нашата држава туку и пошироко.
“Бараме Владата едноставно Топилницата да ја тргнат од Велес и од сегашната локација. Нека вработи не илјада туку сто илјади работници но, тоа нека не влијае врз здравјето на жителите од Велес, вели Д-р Ненад Коциќ, претседател на ЕД ”Вила Зора”.
Зелената коалиција од Владата побара да најде купувач кој најнапред ќе изврши дислокација на целата Топилница и изгради нова непосредно до фабриката за вештачко ѓубре кај селото Згрополци каде што ќе може непречено да работи. За новата инвестиција, велат зелените, идниот сопственик ќе треба да инвестира 70 милиони евра, пари што според сегашните цени на металите на светскиот пазар , ќе може да ги поврати за само една година.
Градоначалникот Аце Коцевски до Владата упати барање „Кога ќе ги кројат плановите за иднината на Велес да ги прашаат велешани кои се најмногу засегнати. Да се насочат кон барање стратешки инвеститор за изградба на топилница надвор од градското подрачје“.
Коалицијата ја има поддршката на градоначалникот на Велес, Аце Коцевски кои соопшти дека нема да дозволи повеќе во Велес да има болни деца и смртност од малигни заболувања над Републичкиот просек. Општината Велес ќе ја поддржи иницијативата за дислокација на Топилницата од Велес и дека е подготвена да донесе нов генерален урбанистички план со кои на местото на најголемиот загадувач да може да се градат станбени згради. Зелените од Велес се заканија со масовни и радикални протести на жителите од градот ако без нивна согласност Владата ја продаде Топилницата.