Работна средба за волонтерска акција

На 19.6.2013 год. (среда) претставниците на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Општина Чашка, извиднички одред „ Димитар Влахов“, ПД „ Гемиџии“ и  ПД„ Солунска Глава “ остварија работна средба со цел – вклучување и организирање на волонтерска акција на поставување на урбана опрема и патокази согласно проектот “Промоција, заштита и развивање на природните туристички потенцијали во ВПР, преку уредување и обележување на патеки за планинарење”. Проектот има за цел да ги уреди, обележи и да постави сигнализација на седум патеки за планинарење, во должина од 120 километри или 50 часа пешачење од кои четири се на територија на Општина Чашка . Согласно временските услови и програмските активности на организациите во наредниот период ќе се постави и инсталира опремата, а воедно ќе се маркираат и планинарскиет патеките. Од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, преставник беше Златко Ристов, член на старешинството на одредот.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.