Сојузот на извидници на Македонија го одржа своето редовно изборно собрание. Тоа се одржа на 14.4.2013 год. (недела) во просториите на Домот на градежници во Скопје. После изборот на работни тела и верификацијата на делегатите беа усвоени финсискиот извештај за 2012 и извештајот за работа на СИМ за 2012 година. После ова 30 присутни делагати преминаа на избор на Старешина на СИМ. На распишаниот конкурс за пријавување на кандидати беше пристигната само една кандидатура и тоа од Огнен Стефановски, член на ИПО Јадран. Кандидатот Стефановски ги престави своите идеи и визии за развој на извидништвото во Македонија за периодот 2013 – 2017. По гласањето 28 кандиати гласаа за предложениот кандидат додека двајца делегати против. Со ова заврши редовното изборно собрание на СИМ. Одредската делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес беше составена од Ангелче Гушев, Јошевски Мартин и Ангел Јорданов