Почитувани,
годината која што следи треба да биде полна со предизвици и голем број на активности, затоа ја очекуваме со нетрпение.
Во Новата треба да го прославиме 55 годишниот јубилеј од постоењето на нашиот одред и СИМ, треба да го промовираме новиот прирачник кои го нарековме “Логорување“, да ја направиме 10 Смотра на СИМ многу добра и убава, да ги одработиме 23 Средби на извидници, Школата за водачи и уште многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред.
Покрај ова сакам да се заблагодарам на сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.
Нека ни е честита Новата 2008 година.
Старешина на ИО “Димитар Влахов“
Ненад Андреевски