70 години извидништво во Велес

Во далечната учебна 1948-1949 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките.

Васил Ѓоргов, велешанец кои што студирал економски науки во западно европските држави, го видел и го пренел скаутското движење во Велес. Тој во учебната 1948-1949 поткрепен со Законот за предвојничка обука заедно со гимназиските професори Тодор Гравчев и Петар Петровски кои се професори по Фискултура започнуваат да го промовираат извидничкото движење преку предвојничката обука. Ги формираат првите одделенија кои работеле активности од типот на:
подигање на шатор, движење со компас, подготовка на храна, прва помош, сигнализација. За подобрување на здравствената состојба на вработените и организирање на рекреативни активности за поздравување било и формирањето на слични единици во тогашните претпријатија Монопол и Механичка.

Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да некаде есента во учебната 1952 / 1953 година од тие одделенија се
формира извидничкиот одред “Димитар Влахов” Основач на одредот е Проф. Петар Петровски

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.