Старешинството на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на нашиот братски одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, Република Србија, му ја честита 65 годишната работа на одредот. Во времето кога на овие простори дејствуваа деструктивни состојби и недоразбирања, нашите две извиднички единици се договорија да соработуваат и да работат на унапредувањето на извиднчкиот дух, љубовта кон природата и младинските активности. Како одреди и понатуму ги надминуваме временските,територијалните и јазични бариери и понатаму без резервно ги продлабочуваме извидничките активности, се со цел да го издигнеме на највисоко ниво извидничкото братство помеѓу нашите два града Велес и Ниш, нашите две држави Србија и Македонија. Со нашите активности во овие 20 години братско живеење докажавме дека можеме да ги воспитуваме младите на полето на образованието и воспитанието на младите во духот на основните принципи и методи на извидничкото движење. Нека е вечен јубилејот со желба за успех и понатамошна успешна работа на извидниците на најстариот извиднички одред во Ниш – извидничкиот одред “Мија станимировиќ“.
Нека е среќен јубилејот наши извиднички браќа и сестри од Ниш.