ПРЕС по повод 22 февруари

На 21 февруари (четврток) во просториите на фондацијата “Фокус“ во Велес, по повод 22 февруари – Светскиот ден на скаутизмот, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ организираше ПРЕС конференција, на која што локалните медиуми беа запознати со наредните активности на нашиот одред.

На ПРЕС конференцијата зборуваа Злато Ристов, началник на одред и Димитар Јорданов, член на старешинство на одред.

 

Златко Ристов медиумите ги запозна со следното:

– за хронологијата на светското извидништвото од самиот почеток во 1907,

– за основачот на извидничкото движење сер Робер Баден Пауел и неговата сопруга Олив Баден Пауел

– за 55 години – извидничко движење во Велес и прославата која што ќе следи во месец април

– за новиот прирачник “Логорување“

– за 23 Средби на извидници Велес 2008 кој што ќе следат во месец мај

– за 10 Смотра на СИМ и нашето одредско учество на истата која што ќе следи во месец јули

– за наредните тековни активности во 2008 година организирани од страна на СИМ и одредите ширум Македонија и надвор од неа. 

 

Димитар Јорданов  медиумите ги запозна со следното:

– одредска програма за прослава по повод 22 февруари

– програма на СИМ за прослава по повод 22 февруари 

– проектни активности кои следуваат за реализација од страна на нашиот одред 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.