Среќна Нова 2011

                         
 
 
Почитувани,
годината која што заминува беше полна со предизвици и голем број на активности.

Во оваа 2010 година ги одработиме 25 Средби на извидници, учествувавме овогодишниот РИОН, учествувавме на  голем број на одредски натпревари каде што бевме први, се едуциравме на инструкторски школи,  учествуваме уште и на многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите, се вклучивме во Европската мрежа за превенција од насилство на децата и младите, се боревме против рестартирањето на Топилницата заедно со Зелената коалиција, пошумувавме, помагавме, работевме, информиравме, позитивно критикувавме…
 
А во новата 2011 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги  обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
 
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред.
 
Покрај ова сакам да се заблагодарам на сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна. 
 
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.
 
Нека ни е честита Новата 2011 година.
 

Старешина на ИО “Димитар Влахов“
Ненад Андреевски  

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.