Инструкторска школа – Кањижа 2010

На покана на Сојузот на извидници на Војводина, членот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Благој Ѓорчевски замина на Инструкторска школа – основен степен. Инструкторската школа ќе се организира во Кањижа, Република Србија во периодот од 22 до 30 август оваа година. На оваа школа споменатиот извидник е единствен преставник од Република Македонија. На школата учество ке земат педесетина извидници од Југоисточна Европа.
Во текот на наредните денови ке следат директни информации од Школата, на која што се очекуваат да заминат уште двајца извидници од нашиот одред како гости на самиот инструкторски курс. 
Старешинството на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес сака да искаже голема благодарност до приватните претпријатика “Кеги Моби“ и “Делта Пром“ за финансиската помош  која ни ја укажаа со што се створија услови за учество на нашиот извидник на оваа обука од европски карактер.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.