годината која што заминува беше полна со предизвици и голем број на активности.
Во оваа 2009 година ги одработиме 24 Средби на извидници заедно со МИНИ СМОТРА, бевме Државни прваци во ориентација на овогодишниот РИОН учествувавме на уште многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите, се вклучивме во Европската мрежа за превенција од насилство на децата и младите,
се боревме против рестартирањето на Топилницата заедно со Зелената коалиција.
А во новата 2010 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред.
Покрај ова сакам да се заблагодарам на сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.
Нека ни е честита Новата 2010 година.
Старешина на ИО “Димитар Влахов“
Ненад Андреевски