Реализирана МИНИ СМОТРА – Велес – Голозинци 2009

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес остварувајки ја својата програма за работа за 2009 година, ги реализираше 24 Средби на извидници кои што беа организирани во рамките на т.н МИНИ СМОТРА. Средбите на извидници се организираа на теренитена општина Чашка и тоа на потегот Голозинци – нас. Чашка – Еловец – Лисиче – езеро Лисиче – Голозинци. МИНИ СМОТРАТА се организирааше во периодот од 4 – 8 септември 2009 год.,во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село, а на неа учество земаа  120 млади на возраст од 15 до 18 години.  На овие средби кои што беа од меѓународен карактер извидниците се натпреваруваа во делот на ориенатцијата и топографијата на непознате терен, прва помош, сигнализиација и престој во природа.

На овие средби учество земаа извидници од следните извиднички одреди и тоа: ИПО “Јадран“, ИПО “Галеб“, ИО “ММ-Брицо“ сите од Скопје,  ИО “Скаут“ од Куманово, ИО “Еригон“ од Прилеп, ИО “Н.Н.- Борче“ од Крива Паланка, извидници од Република Србија и одредот домакин ИО “Димитар Влахов“.
Првото место им припадна на извиднците од ИО “М.М.-Брицо“ од Скопје, второто на извидниците од ИО “Еригон“ од Прилеп , а третото на членовите на ИПО “Јадран“ од Скопје. За прво пријавена екипа и нај дисциплинирана патрола беше прогласена патролата на ИО “НН-Борче“ од Крива Паланка.
Целокупниот резулати од ориенатцијата и топографијата на 24 Средби на извидници можете да ги симнете тука .
Додека во вториот програмски дел од МИНИ СМОТРА треба да се нагласи дека се одржа само еднодневна сесија од предвидената програма за старешини и началници и пишување на проекти под раководство на Милош Ристиќ од Република Србија. Овој дел е реализиран во рамките на програмата “Поддршка по мерка“ помеѓу Сојузот на извидници на Македонија и Европската скаутска канцеларија.
Гореспоменатите активности се реализираа по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Треба да се нагласи дека нашиот градски извиднички одред “Димитар Влахов“ по кој знае кој  пат се престави како добар домакин, со што на најквалитетен начин го презентира нашиот град Велес.
 
               

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.