116 години од Солунските атентати

На 30.4.2019 год.(вторник) , делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ заедно со поединци, делегации, Градоначалникот на Велес, претставници на Општина Велес, општинската организација на Сојузот на борците, здруженијата на граѓани, јавните инситуции и ученици од основните и средни училишта од Општина Велес, денес, пред паметникот на Гемиџиите оддадоа почит кон саможртвата на младите Македонци, кои пред 116 години во Солун го кренаа својот глас против османлиското угнетување и неподносливите услови во кои живее македонскиот народ во рамките на Османлиската држава.

Со положување цвеќе и краток осврт за подвизите кои македонските студенти во Солун, пред сè велешани, синови на богати велешки трговски фамилии ги направиле, присутните денес, потсетија на нивната решителност и на мотото под кое биле заколнати, “Се арчиме за Македонија”. Во периодот од 28. април до 1. мај 1903 година биле извршени серија бомбашки напади во Солун, од страна на Гемиџиите, анархистичка револуционерна група на млади интелектуалци, со цел напад на најзначајниот европски град во Османлиската Империја, Солун, за да се привлече вниманието на големите сили кон третманот на македонскиот народ и разрешување на т.н. македонско прашање.

Во изведувањето на Солунските атентати учествувале десетмина гемиџии: Јордан Поп Јорданов – Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов, Георги Богданов и Цветко Трајков, поголемиот дел од нив со потекло од Велес и велешко.

Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ја сочинуваа: Иван Гушев, Мартина Дејаноска и Катерина Гушева.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.