На денот на планетата земја, 22 април, а на покана на Нацопналната Установа Природно научен музеј на Република Северна Македонија кој прославува 100 години од основањето на 22 април 2026 год. (среда) 10 извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество на еколошката акција “100 садници за 100 години Природнонаучен музеј“.
Еколошката акција се ораганизираше на опожарените подрачја во околината на езерото Младост. Со оваа акција нашите извидници се обучија за садење на млади садници, организација на терен и за координација и помош.
Покрај извидниците од нашиот одред учество земаа и 25 ученици од ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ – Велес од паралелките 2-7, 2-8, 2-9 и 2-10.





