Ќе плови ли Вардарската регата годинава до Солун ?

На 3.2.2024 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав
Владимир Ивановски, Тони Јошевски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на Вардрската регата Гемиџии 2024.
Истата треба да се реализира од Велес и да заврши во Солун.

Беше договорен и терминот за реализација на регатата која би требало да се одржи од 20 до 27 јуни оваа година. Во подготовките на Вардарската регата останува да се утврди и движењето по реката Вардар во Република Грција и сите останати технички детали за истата.

Оваа активност се вклопува и во прославата по повод 110 години од формирањето на извидниците во Солун. Предложена е и заедничка манифестација помеѓу граѓаните на Велес и Солун по завршувањето на регатата.

Домаќин на нашите пртеставници во солун беше Василис Нтрианкос како еден од водечките лидери на солунските извидници. Средбата се одржа во поморската база Николаос Принзиос во Солун.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.