Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во рамките на Европската недела на мобилност на 18.9.2022 год. (недела) организираа еднодневен извиднички хајк до месноста Вршник под мотото “Да создаваме иднина“. Во рамките на овој хајк извидниците од велешкиот извиднички одред на патеката од месноста Камено брдо до Вршник поставија и едукативни еколошки таблички за зачувување на животната средина.