На 6.4.2024 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Ангелче Гушев и Трајче Перков во местото Халастра (регион на теечението на реката Вардар) имаа состанок со извидниците во Солун и претставниците на локалните извидници од местата каде што тече реката Вардар во Грција. Нашата одредска делегација на локалните извиднички претставници им ја преставија програмата за реализација на Вардрската регата Гемиџии 2024, која ќе започне од Велес, а би завршила во Солун.
Договорено е да на територија на Грција учесниците на регата преноќат во Евзони и селото Акропотамос, а регата да заврши во делтата на Вардардар во егејското море. Воедно беше поминат голем дел од течението на реката Вардар за да се видат сите нејзини карактеристики на територија на Грција. Беше договорен и терминот за реализација на регатата која би требало да се одржи од 20 до 26 јуни оваа година.
Оваа активност се вклопува и во прославата по повод 110 години од формирањето на извидниците во Солун. Предложена е и заедничка манифестација помеѓу граѓаните на Велес и Солун по завршувањето на регатата. Домаќин на нашите пртеставници во Солун беше Василис Нтрианкос како еден од водечките лидери на солунските извидници.
После финализирањето на сите детали и утврдувањето на датумот на реализација на Вардарската регата Гемиџии, сакаме да искажеме голема благодарност до нашиот братски одред “МИја Станимировиќ“ од Ниш кој ни овозможи да оствариме контакти со нашите браќа скаути од Солун.