На 9.11.2024 год. (сабота) во хотелот Александар Палас во Скопје трочлена делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски и Жаклина Гушева учествуваа на Форумот за Еко Туризам преку регионални практики. На овој форум се разговараше во две панел дискусии и тоа: Зелени хоризонти: Менување на патувањето преку еко туризмот и Еко Туризам и примена на применети практики.
Како панелисти на 5 Форум за Еко туризам беа:
Проф. д-р Орце Симов, Потпретседател на Стопански комори на Македонија и Претседател на ИКТ комора
Доц.д-р Љупчо Јаневски, Универзитет Скопје
Дијана Катица, Претседател на хрватската асоцијација за туризам и рурален развој “The Village Membership Club“
Проф. д-р Владимир Стојановиќ, редовен професор и шеф на катедра Универзитет Нови Сад, природно математички факултет, катедра за географија, туризам и хотелиерство
Проф. д-р Христина Димеска – Трајкова, Природно-математички факултет, Институт за географија
Ана Лавор, Spirit of Prespa
Александар Клинчаров, Претседател на Семејни дестилерии – Винарија Клинчаров
Игор Гешовски, Сопственик на Еко логистик сервис – Скопје
Со учество на овој Форум успеавме да ги дополниме нашите сознанија за развојот на Еко туризмот кој како извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес го практикуваме преку реализацијата на Варадаската регата “Гемиџии“ и работењето на извидничкиот центар “Голозинци„