Учество на работилница во Влада на РМ

Во организација Генералниот секретаријат на Владата на РМ , Одделението за соработка со невладини организации организираше работилница на тема “Зајакнување на пристапот на невладините организации до средствата од државниот буџет“. Работилницата се одржа на 25 ноември 2008 год. (вторник). На оваа работилница од извиднички одред “Димитра Влахов“ учествуваше Ангел Радевски.

Работилницата се одржа во Клубот на органите на управа (Клуб на пратеници) во Скопје.
Темите кои се обработуваа на оваа работилница беа:
– Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2007 – 2011)
– Одделение за соработка со невладини организации (улога и надлежности)
– Кодекс на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации
– Апликативни форми за пријавање на Јавен повик. 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.