На 16.11.2025 год. (сабота) во просторот на кино “Фросина“ во комплексот на МКЦ во Скопје делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес составена од нашиот началник Иван Гушев, Љупче Неделковски, Марија Стефановска, Тамара Димовска и Анастасија Давчева беше дел од свечената академија по повот 70 години постоење на извидничкиот поречански одред “Галеб” – Скопје.

На свечената академија беше представена 70 годишната историја на одредот, сите досегашни организирани активности и беше представена нивната стретегија за раст на одредот. И исто така беа доделени благодарници за соработка на сите одреди во Македонија, вклучувајќи го и нашиот одред. Честитки до ИПО “Галеб“ – Скопје и успешна соработка и во иднина.



