Марија Војневска, Симона Тодорова и Елена Стумбова како членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ , а на покана на Општина Чашка земаа учество на обуката за градење на локални капацитети за креирање на младински политики. Обуката се одржа од 23 – 24 јуни 2016, во Комплексот “Етно Село“ и се одржува во склоп со настојувањата на Агенцијата за млади и спорт за имплементација на Националната стратегија за млади на РМ на локално ниво. ПСМ Фондација и Фондација Евро Центар го имплементираат проектот “Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската Унија. Проектот цели да ја зајакне соработката помеѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики со цел дефинирање на мерки кои придонесуваат кон подобрена социоекономска положба на младите во државата. Главна цел на обуката беше градење на капацитетите на младинските организации и локалната самоуправа за обезбедување на висок степен на младинско учество и простор за развој на младински политики на локално ниво. На обуката ќе учествуваа претставници од општините Пробиштип, Старо Нагоричане и Чашка. На обука се работеа следните теми: нивоа на младинско учество, младинско учество – модели на соработка, младински политики, детектирање на потреби и проблеми, изнаоѓање на модел решенија