Во периодот од 10 до 13 октомври 2024 год. година во манастирот Свето преображдение во село Буково – битолско, началникот на нашиот одред Иван Гушев беше дел од волонтерите кој го организираа Државниот Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН 2024 година.
Тој работеше во натпреварувачкиот дел, во делот на стазата, прва помош и оценувањето на бивакот. На овогодинешниот ДИОН учество земаа извидници од Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Штип, Кочани и Свети Николе, или се вкупно 24 екипи.